
Кафе со поглед е нешто што многумина го бараат кога патуваат, но малкумина би се осмелиле да пијат кафе на место кое буквално виси од стрмна карпа. Токму такво необично искуство нуди кафулето „Клиф кафе“ во кинеската провинција Фуџијан, кое важи за едно од најекстремните места во светот каде може да се испие шолја кафе.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Кафулето е поставено на стрмна карпа на височина од околу 60 метри, а се состои од неколку правоаголни платформи цврсто прицврстени за карпата. Гостите седат буквално на работ на бездната, со спектакуларен поглед на планинскиот пејзаж.
До шолја кафе се стигнува со адреналин
Сепак, до ова необично кафуле не се стигнува лесно. Посетителите најпрво мора да поминат дел од таканаречената „виа ферата“ планинарска патека, за што се потребни околу 30 минути.
Потоа, инструктори со помош на специјална безбедносна опрема и јажиња ги спуштаат гостите до платформите каде што можат да седнат и да уживаат во кафето.
Кафе кое чини околу 50 евра
Ова необично место постои уште од 2004 година, но неодамна стана вистински интернет феномен откако видеа од платформите почнаа масовно да се споделуваат на социјалните мрежи.
Цената на кафето изнесува 398 јуани, односно околу 50 евра. Иако на прв поглед изгледа скапо, сопственикот објаснува дека во цената се вклучени осигурување, изнајмување опрема и услугите на инструкторите.
Без временско ограничување
Интересно е што гостите, откако еднаш ќе стигнат до платформите, можат да останат колку што сакаат. Поради големиот интерес, посетата е возможна само со претходна резервација, а самостојно спуштање до платформите не е дозволено.
Токму комбинацијата од адреналин, уникатна локација и спектакуларен поглед го претвори ова место во една од најнеобичните туристички атракции во светот.


