
Најбрзиот воз на светот CR450, започна серија пробни возења во Кина, достигнувајќи брзина од 453 километри на час.
Оваа серија возови, проектирана за максимална тест-брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментално поминува низ квалификациски тестови на пругата што ги поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду.
Подобар од претходниот модел
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Брзиот воз достигнува забрзување од 350 километри на час за само четири минути и 40 секунди.
Во споредба со претходниот модел CR400, возот CR450 има подолг и поаеродинамичен нос, понизок покрив за 20 сантиметри и е за 50 тони полесен, со што аеродинамичкиот отпор е намален за 22 проценти.


