во ,

Клуч на врата за кујната во Влае: 80 деца отсуствуваат од настава, некои завршија во болница!

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) итно ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби.

Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е издадено решение за забрана за работа на кујната како потенцијален извор на зараза. Наредено е вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи за вработените.

80 деца отсутни, некои хоспитализирани

Супер Попуст -25%

Иако официјално до здравствените власти има пријави за 9 деца, денеска од настава отсуствувале околу 80 ученици, а според информациите, неколку дечиња се хоспитализирани поради дехидрираност. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, најави дека првичните резултати од земените мостри (храна, вода, брисеви од површини и вработени) ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Најдете некој да ве гледа вака“: Љубовта на Мерц кон германскиот леб е хит на денот!

„Прво пофалете го, па дајте му го планот“: Протече снимка како Виткоф ги учел Русите да манипулираат со Трамп