во ,

Кога Бог го создал магарето му рекол…

Кога Бог го создал магарето му рекол:

– Ќе работиш од утро до вечер и ќе го носиш најголемиот товар на грбот. Ќе јадеш трева и нема да си многу паметно. Ќе живееш 50 години.

Тогаш магарето му рекло:

Реклама

– 50 години таков живот е многу. Дај ми само 30 години.

Така и се случило.

Потоа Бог го создал кучето и му рекол:

– Ти си куче и како такво ќе го чуваш имотот на човекот и ќе му бидеш најверниот пријател. Ќе ги јадеш остатоците од трпезата на човекот и ќе живееш 25 години.

Тогаш кучето му рекло:

– Господи, 25 години таков живот не се издржува. Дај ми само 15 години.

Така и се случило.

Потоа Бог го создал мајмунот и му рекол:

– Ќе скокаш од дрво на дрво и ќе се однесуваш како будала. Ќе се правиш шут и ќе живееш 20 години.

Тогаш мајмунот му рекол:

– Господи, 20 години како Шут е многу. Дај ми само 10 години.

Така и се случило.

Конечно Господ го создаде мажот и му рече:

– Ти си маж. Единственото разумно суштество кое ќе постои на земјата. Ќе го користиш разумот за да владееш над другите суштества. Ќе владееш на земјата и ќе
живееш 20 години.

Тогаш мажот рекол:

Господи, да сум маж само 20 години не е доволно. Дај ми ги те молам 20-те години од кои се откажа магарето, 10-те години од кои се откажа кучето и мајмунот.

Така и се случило.

Од тогаш мажот живее 20 години како човек, а потоа се жени и работи 20 години како магаре и од утро до вечер го носи товарот на семејниот живот. Потоа создава деца и живее 10 години како куче, го пази домот и имотот, јадејќи ги остатоците од трпезата на неговото семејство. И кога ќе остари 10 години се однесува како будала и се прави мајмун за внуцитe…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Пати кога луѓето се соочиле со едни од најлошите возачи и едноставно морале да ги споделат сликите

Погледнете ја палатата на шини од 350 милиони долари