во ,

Кога тргнува автобусот за Битола?

Влегува полицаец во автобуска станица, а таму се компјутеризирано. Целиот зачуден му приоѓа на компјутерот и го прашува:

– Кога тргнува автобусот за Битола?

Компјутерот одговара:

– Полицаецу, автобусот за Битола тргнува точно во седум и пол.

Полицаецот зачуден како компјутерот го познал, оди става перика, доаѓа до компјутерот и пак го прашува:

– Кога тргнува автобусот за Битола?

Компјутерот:

– Полицаецу, автобусот за Битола тргнува точно во седум и пол.

Полицаецот не можел да поверува како компјутерот пак го познал, оди се преоблекува, става нова перика и оди пак пред компјутерот и прашува:

– Извинете, кога тргнува автобусот за Битола?

Компјутерот:

– Полицаецу само ти зафркавај се, автобусот за Битола отиде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како помина на првата брачна ноќ?

17 Миленичиња кои имаат извонреден шарм