Влегува полицаец во автобуска станица, а таму се компјутеризирано. Целиот зачуден му приоѓа на компјутерот и го прашува:
– Кога тргнува автобусот за Битола?
Компјутерот одговара:
– Полицаецу, автобусот за Битола тргнува точно во седум и пол.
Полицаецот зачуден како компјутерот го познал, оди става перика, доаѓа до компјутерот и пак го прашува:
– Кога тргнува автобусот за Битола?
Компјутерот:
– Полицаецу, автобусот за Битола тргнува точно во седум и пол.
Полицаецот не можел да поверува како компјутерот пак го познал, оди се преоблекува, става нова перика и оди пак пред компјутерот и прашува:
– Извинете, кога тргнува автобусот за Битола?
Компјутерот:
– Полицаецу само ти зафркавај се, автобусот за Битола отиде.