
Пресудата од Стразбур како клучен пресврт
Со години, податоците за заснованите посвојувања во земјава претставуваа строга службена тајна без никакви исклучоци, дури и кога тоа било неопходно од сериозни медицински причини. Сепак, клучниот пресврт се случи по пресудата на Европскиот суд за човекови права во 2024 година во предметот „Митревска против Северна Македонија“. Судот во Стразбур тогаш утврди дека домашните институции го прекршиле правото на приватен живот (член 8 од Европската конвенција) бидејќи слепо ја применувале забраната без да ги земат предвид поединечните интереси.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Новиот предлог-закон не носи целосно отворање на архивите за секого, туку воведува систем на контролирани исклучоци. За секое поднесено барање ќе одлучува новоформирана Стручна комисија на чело со Министерството за социјална политика, која ќе мора да направи чувствителен баланс меѓу правото на идентитет и приватноста на биолошките родители.
Три сценарија за пристап до досиејата
Законот прецизно дефинира три ситуациски модели во кои списите може да бидат отворени:
- Полнолетни посвоеници: Добиваат право на ограничен увид во сопствениот предмет преку одлука на Стручната комисија.
- Медицински причини: Посвоителите на малолетно дете можат да бараат пристап доколку постојат оправдани здравствени причини поврзани со детето.
- Биолошки сродници: Крвните роднини во прв и втор степен можат да добијат информации исклучиво со претходна изречна согласност од полнолетниот посвоеник.
Надлежното министерство ќе има рок од шест месеци да ги пропише мерките за заштита на личните податоци и деталниот начин на работа на комисијата, а за овие измени нема да бидат потребни дополнителни средства од државниот буџет.
„Новиот предлог-закон претставува надеж за луѓето кои со децении безуспешно се обидуваа да ги најдат своите биолошки корени низ институционалните лавирити, усогласувајќи го македонскиот правен систем со европските стандарди за човекови права.“

