во

Македонка стигна до ѕвездите: Мартина Димоска со награда што се доделува само на најдобрите млади лидери во светот!

Македонската аналогна астронаутка Мартина Димоска ја освои престижната глобална награда „SGAC Global Rising Star Award“ за 2026 година на 24-тиот Вселенски конгрес во Анталија, со што уште еднаш го впиша македонското име меѓу светската елита во вселенскиот сектор.

Македонија има нов повод за гордост на светската научна сцена, бидејќи Мартина Димоска, која важи за најуспешната македонска аналогна астронаутка, уште еднаш докажа дека напорната работа и знаењето секогаш водат до самиот врв. Нејзиното име отсега е запишано меѓу добитниците на едно од најзначајните меѓународни признанија за млади професионалци во вселенскиот сектор, што дополнително го зацврстува нејзиното место меѓу светската елита.

Супер Попуст -25%

Станува збор за престижната глобална награда „SGAC Global Rising Star Award“ за 2026 година, која ѝ беше доделена на 24-тиот Вселенски конгрес во турскиот град Анталија. Признанието доаѓа како круна на нејзиниот досегашен ангажман и како потврда дека македонските млади научници можат рамноправно да стојат до најдобрите во светот.

Признание за младите што ја менуваат иднината на вселената

Наградата ја доделува Советот за вселенска генерација (SGAC), а таа е наменета за млади лидери кои прават вистинска револуција во вселенскиот сектор и отвораат врати за новите генерации таму каде што можностите се ограничени. Оваа година е дефинитивно историска за Мартина Димоска, бидејќи наградата доаѓа во истата година во која таа беше ангажирана во престижниот „Johnson Space Center“ на НАСА во Хјустон.

„Со овој нов триумф Мартина Димоска уште еднаш покажа како се бранат македонските бои на светската научна сцена.“

Успесите како овој имаат вредност што ги надминува личните достигнувања, бидејќи го градат меѓународниот углед на државата и покажуваат дека и од мала земја може да се стигне до самиот врв на науката. Токму затоа приказната на Мартина Димоска отвора и едно важно прашање – колку ваквите успеси на нашите млади научници можат да го променат имиџот на Македонија во светот и да ги мотивираат идните генерации да се занимаваат со наука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандалозни помилувања во Србија: Вучиќ ослободи насилници врз студенти и поранешната секретарка Хркаловиќ

Симон Трпчески го освои Тенерифе: „Ова дело не се свири, туку се живее!“