
Летот JU134, кој полета вечерва кон руската престолнина, бил прекинат по директна наредба на директорот за корпоративно обезбедување, Милан Куч. Според неофицијалните информации, поранешниот припадник на елитната единица „Кобра“ преку безбедносните камери забележал дека лидерот на Социјалистичкото движење ја избегнал контролата. Се претпоставува дека некој од персоналот му помогнал тајно да се качи во леталото, грубо прекршувајќи ги протоколите.
Авионот вратен дури од Литванија
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Драмата во воздухот кулминирала кога авионот, кој веќе стигнал до југот на Литванија, морал принудно да се сврти и да се врати кон Србија. Покрај Вулин, во авионот неофицијално биле и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, како и претседателот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ. Летот не е откажан, туку патниците морале да почекаат авионот да полета повторно со нов екипаж и дури по извршена детална безбедносна проверка.
„Тој на снимката од безбедносните камери видел дека не се почитувани процедурите, односно дека Вулин не ја поминал безбедносната проверка и веднаш наредил враќање на авионот.“
Вулин засега е недостапен за медиумите и не одговара на повиците за да го објасни овој сериозен инцидент кој предизвика меѓународен долетен хаос.


