
Тимот на Алкалоид ја забележа значајната победа од 11 голови разлика против литванскиот Драгунас Клаипеда, со што го отвори патот кон следната рунда во ЕХФ Европскиот куп. Тренерот Кирил Лазаров не го крие задоволството, но предупредува дека нема простор за опуштање пред реваншот.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
„Горд сум на моите играчи. Имам голема почит кон Драгунас, уште пред натпреварот реков дека се добар тим. Никој не очекуваше толку убедлива победа од 11 разлика, но тие остануваат опасни. Треба да бидеме претпазливи и да имаме вистински пристап во реваншот, бидејќи и таму ќе одиме на победа. Не смееме да дозволиме изненадувања“, изјави Лазаров.
Следниот натпревар ќе биде од клучно значење за Алкалоид, кој се наоѓа на чекор до пласман во следната фаза на европското натпреварување.


