во , ,

Левица до Мицкоски: Младите не се мажат/женат поради сиромаштија, а не од бес

„Последната изјава на премиерот Мицкоски не само што е понижувачка кон младите, туку покажува колку десничарскиот режим е отсечен од реалноста.“

„Овој режим не може да разбере каква социјална беда владее во Македонија.“ Ова се вели во соопштението на партијата Левица. Тие реагираат на изјавата дека се размислува за данок за немажени и неженети.

„Како млад човек да мисли на семејство кога едвај преживува?“

„Најголемата причина зошто младите сè помалку и подоцна стапуваат во брак се лошите социјални услови,“ велат од партијата. „Како еден млад човек да размислува на семејство кога едвај преживува од плата до плата? Кога само за кирија треба да плаќа колку една цела негова плата?“

Реклама

Од Левица истакнуваат дека младите се жртви на екстремна експлоатација. Најголемиот дел од нив или се невработени, или работат на договори на дело. Со тоа, работничките права им се скратени и невозможно е да земат станбен кредит.

Лицемерието на власта: Одбија предлози за помош, а сега воведуваат казни

„Да потсетиме дека за предлог законот на Левица за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци, НИТУ ЕДЕН пратеник од власта не го поддржа,“ стои во соопштението. „Исто така, власта го одби и предлогот на Левица за ограничување на кириите.“

„И како и тогаш, така и сега, десничарската власт повторно ја зазема страната на олигархијата и на најбогатите. Додека даноците за најбогатите се намалуваат, на најсиромашните ќе им се воведуваат нови,“ обвинуваат од Левица.

„Проблемот не се младите, туку системот што ги уништува“

„Младите не се проблемот. Проблемот е системот што ги уништува нивните шанси за достоен живот,“ велат од партијата. „Ако власта навистина сака да ги охрабри браковите, нека почне со заштита на работничките права. Нека гради социјални станови и социјална држава.“

„Но, оваа власт не само што не им помага на младите, туку сега ќе почне и да ги казнува. Ќе почне да ги казнува за нивната сиромаштија,“ заклучуваат од Левица.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тошковски со директен одговор до Арсовска: „Ова не е буцни прачка, пиј вино“

Алармантна состојба: 30 пожари за само 24 часа: Најкритично е во Прилепско, Македонски Брод и Арачиново