во , ,

Мажот дошол дома од работа и ги нашол трите деца надвор во дворот…

Реклама

Мажот дошол дома од работа и ги нашол трите деца надвор во дворот, уште во пижами, сите валкани, а празните кутии со храна и омоти од чоколади биле расфрлани. Вратите од автомобилот на сопругата биле отворени, влезната врата од куќата исто така, а никаде го немало ни нивното куче.

Кога влегол внатре, нашол уште поголем неред. Ламбата била превртена, а тепихот нагужван покрај еден ѕид. Телевизорот работел на најгласно во дневната соба, а собата била затрупана со разни играчки.

Во кујната мијалникот бил полн со валкани садови, храната била расфрлана по масата и подот, вратата од фрижидерот била отворена, на подот имало скршено стакло, а во средината на кујната имало мало купче песок.

Брзо се качил на катот, прескокнувајќи преку купчињата играчки и облека. Загрижен ја барал жена си, можеби нешто ѝ се случило. Од бањата течело мало поточе. Погледнал внатре и видел купчиња мокри крпи, водата течела од мијалникот, а во кадата имало валкана вода полна со пена. Километри тоалетна хартија биле развлечени низ целата бања.

Побрзал во спалната соба и таму ја нашол жена му во пижами како чита книга.

Таа го погледнала, се насмеала и го прашала како му било на работа. Гледајќи ја со неверување, ја прашал:

– Што се случило денес?

Таа повторно се насмеала и рекла:

– Знаеш кога секој ден доаѓаш нервозен од работа и викаш на мене, што си работела цел ден?!


Тој рекол:

– Знам!

– Е па денес тоа не го правев! рекла таа и продолжила да чита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Доаѓа еден човек во крчма во некое село, и по многу пива, газдата сакал да му земе уште некоја пара…

Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма…