Мажот се буди мамурен. Отвора очи и на масичката гледа чаша вода и два аспирина. Покрај креветот гледа испеглана облека, потоа погледнува околу и гледа дека целата куќа е чиста и средена! На масата во кујната гледа лист на кој пишува:
– Драги, отидов на шопинг. Појадокот е во рерната, спортските вести се на масата. Твојата жена!
Тогаш доаѓа и синот и мажот го прашува што се случило минатата ноќ.
Синот одговара:
– Ах, ништо, дојде околу 3 часот наутро, пијан како земја, се сопна на скалите и ја разби мамината најомилена вазна и поврати во ходникот, па удри во вратата и сега имаш модрица на окото!
– Леле, но кажи ми зошто сега е сè така средено и мама не е лута?
Синот објаснува:
– Па, кога мама те одвлече во спалната соба и се обиде да ти ги соблече панталоните, ти рече:
– Госпоѓо, пуштете ме на мира, јас сум оженет!