во ,

Маж и жена одат на одмор на езеро…

Реклама

 

Маж и жена одат на одмор на езеро. Едно утро мажот се враќа уморен од риболов и решава да дремне. Неговата жена, иако не го познава езерото, решава да земе чамец и да се провози. Се оддалечува малку од брегот, го сидри чамецот и почнува да чита книга. Додека читала, ѝ приоѓа рибочувар со својот чамец и ѝ се обраќа:

– Добар ден госпоѓо. Што правите?

– Читам книга, му одговара таа мислејќи – Зарем не е очигледно?

– Вие се наоѓате во област каде што риболовот е забранет – ѝ вели чуварот.

– Жал ми е, но јас не ловам риби. Јас читам.

– Да, но имате сета потребна опрема. Што се однесува до мене, вие секој момент можете да ја фрлите јадицата. Ќе морам да ве приведам.

– Ако го направите тоа, ќе ве тужам за сексуално вознемирување – му вели жената.


– Но јас не ве ни допрев – ѝ одговара чуварот.

-Тоа е точно, но имате сета потребна опрема. Што се однесува до мене, секој момент можете да почнете.

– Довидување госпоѓо. Уживајте во денот – ѝ вели чуварот и си заминува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Која е разликата помеѓу сонцето и тештата…

Мајката луто му вели на синот…