Маж од 190 см и 100 килограми влегува во кафеана и од врата почнува да вика:
– Има ли во оваа кафеана некој посилен од мене?!
Станува човек, 200 см висок, 120 кг тежок, го гледа право во очи и вели:
– Јас сум посилен!
Тогаш првиот, убаво и со тивок глас вели:
– Би биле ли толку љубезни да ми помогнете да ја бутнеме мојата лада?