
Овој историски триумф за македонското природно богатство е резултат на макотрпна работа на врвни професионалци. Полскиот нуркач Бартломиеј Питала помина цели девет часа во темните лавиринти под водата. За безбедно изнуркување, македонските спелеонуркачи направија историски чекор и сами конструираа и поставија подводен хабитат на околу 130 метри од влезот.
Откриени нови тајни под водата
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден

Експедицијата донесе и нови изненадувања за науката и спелеологијата. Таму долу се откриени два целосно нови канали кои никогаш претходно не биле истражени. Ова уште еднаш докажува дека кањонот Матка крие тајни кои допрва ќе го фасцинираат светот.
„Официјално е потврдено. Пештерата Врело на Матка од денес е број еден во светот, со освоена длабочина од точно 338 метри.“
Повик за итна заштита
Овој успех отвора сериозни прашања за заштитата на ова светско чудо кое се наоѓа на само неколку километри од Скопје. Се погласни се јавните апели државата под итно да прогласи највисок степен на заштита за Матка. Ова се смета за неопходен чекор со цел да се спречи дивото градење и трајното уништување на овој природен рај.


