во

Македонија на светскиот трон: Нуркачите ја освоија длабочината од 338 метри на Матка

Официјално е потврдено дека пештерата Врело во кањонот Матка е најдлабоката подводна пештера во светот. Меѓународен тим со надчовечки напори ја освои бруталната длабочина од точно 338 метри, симнувајќи ги Франција и Италија од тронот.

Овој историски триумф за македонското природно богатство е резултат на макотрпна работа на врвни професионалци. Полскиот нуркач Бартломиеј Питала помина цели девет часа во темните лавиринти под водата. За безбедно изнуркување, македонските спелеонуркачи направија историски чекор и сами конструираа и поставија подводен хабитат на околу 130 метри од влезот.

Откриени нови тајни под водата

Супер Попуст -25%

Експедицијата донесе и нови изненадувања за науката и спелеологијата. Таму долу се откриени два целосно нови канали кои никогаш претходно не биле истражени. Ова уште еднаш докажува дека кањонот Матка крие тајни кои допрва ќе го фасцинираат светот.

„Официјално е потврдено. Пештерата Врело на Матка од денес е број еден во светот, со освоена длабочина од точно 338 метри.“

Повик за итна заштита

Овој успех отвора сериозни прашања за заштитата на ова светско чудо кое се наоѓа на само неколку километри од Скопје. Се погласни се јавните апели државата под итно да прогласи највисок степен на заштита за Матка. Ова се смета за неопходен чекор со цел да се спречи дивото градење и трајното уништување на овој природен рај.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното: Светот пред сериозна опасност од поплави