во ,

Мами*ето негово, се прави паметен! Да го запреме ли?!

Си седат нашите граничари на смена. Поминува велосипедист и на багажникот на велосипедот носи една штека Марлборо. Граничарите го гледаат и се нервираат:

– Мамичето негово, се прави паметен! Да го запреме ли?!

– Е, за една штека цигари немаме право, за лична употреба е.

Наредниот ден пак:

– Мамичето негово еве го пак, ајде да го казниме!

– Не може, за една штека не бива.

Ден по ден, недела по недека… На крајот им здосадил на граничарите, го запреле и му велат:

– Абе дечко, ајде да ти го дадеме нашиот камион, пренеси си ги сите цигари, нема да те казниме, само да ни се тргнеш од главата.

– Е сега е доцна момци. Јас веќе си ги пренесов сите велосипеди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фотоалбум на баба VS. Фотоалбум на внуката

20 Вицови за бракот кои ќе ве натераат да се насмеете