во

Марија Шерифовиќ на концертот во Скопје: „Фала ви што бевте погласни од мене, и за ајварот!“

Марија Шерифовиќ синоќа ја раздрма скопската публика во салата „Борис Трајковски“, каде што публиката со полни срца ги пееше нејзините хитови и создаде незаборавна атмосфера. По концертот, таа им се заблагодари на фановите преку социјалните мрежи, признавајќи дека не почувствувала таква енергија уште од последниот концерт во 2018 година.

Супер Попуст -25%

„Македонијо, Македонци, што ми направивте? Мислев дека нема подобро од 2018 година, но успеавте да ме изненадите. Благодарам за секој испеан стих, што бевте погласни од мене и бендот, и за ајварот кој го донесовте,“ изјави Марија. „Ви ја дадов душата и зедов дел од вашата. Ви кажав сè синоќа. Бидете добри и знајте дека мирниот сон нема цена. Македонијо, ве сакам!“

Шерифовиќ, со оваа искрена порака, го изрази своето задоволство од топлиот пречек и енергијата на македонската публика, која повторно ја потврди нејзината популарност на овие простори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Виолетовата туника од гробницата во Кутлеш: Дали му припаѓала на Александар Велики?

Синот на Тијана Дапчевиќ тргна по нејзините стапки – гордоста на мајка му расте