
Дронови за снимање и планирани безбедносни активности
Како што информираат од МВР, во текот на денешниот ден на одредени локации низ главниот град ќе биде забележливо зголемено движење на беспилотни летала (дронови). Овие активности се дел од однапред планираните безбедносни мерки поврзани со одбележувањето на празникот и се спроведуваат со цел снимање од воздух и непречено реализирање на предвидените манифестации.
Изменет режим за паркирање кај Музејот на современата уметност
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Паралелно со снимањето од воздух, полицијата воведе и привремен режим за користење на просторот околу Музејот на современата уметност (МСУ), каде ќе се реализира дел од свечената програма.
„Паркинг просторот на Музејот на современата уметност ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Апелираме за разбирање, со цел непречено и безбедно спроведување на планираните активности“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.


