
Во интервју за весникот „Јужна Осетија“, поранешниот руски претседател оцени дека поттикнувањето конфликт со Москва остава тешки и непоправливи последици за организаторите. Според Медведев, Зеленски наскоро повеќе нема да им биде потребен на своите западни покровители, ниту пак на сопствените граѓани, и треба да биде изведен пред меѓународен суд. Сепак, тој морничаво додаде дека не е сигурен дали украинскиот лидер воопшто ќе го доживее тоа судење.
„Психички нестабилниот Саакашвили не го разбра ова. Сигурен сум дека подеднакво трагична судбина наскоро го чека неонацистичкиот и терористички лидер на киевската хунта.“
НАТО како егзистенцијална закана за Русија
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Зборувајќи за односите со Западот, Медведев потенцираше дека за Москва, алијансата претставува отворено непријателски воено-политички блок. Тој посочи дека постојаното проширување на НАТО со прием на поранешни советски републики, како Грузија и Украина, претставува директна егзистенцијална закана за опстанокот на руската држава. Поради тоа, Москва категорично бара цврсти гаранции дека нема да биде нападната и дека сите непријателски активности ќе бидат итно запрени.
Нов Мајдан и воен бунт во најава?
Слична мрачна проценка за иднината на Украина даде и рускиот воен експерт Јуриј Кнутов. Тој предупредува дека акумулираните воени, политички и економски проблеми би можеле да доведат до нов Мајдан веќе во 2027 година, оставајќи отворена можност дел од исцрпената украинска армија да се сврти против Зеленски. Како главни причини за можниот колапс се наведуваат тешката состојба на фронтот, уништената пристанишна инфраструктура и сè поизразениот недостаток на финансиски средства.


