
Домашните крофни имаат посебна топлина и мирис кој веднаш враќа во детството.
Во овој рецепт ќе откриете како да направите меки, воздушести крофни кои успеваат секој пат, и тоа без мачење со вага – мерката е на шолји. Било да ги сакате празни, полнети или наросени со шеќер, тие се совршени за семејно дружење или сладок појадок.
Состојки:
- 4 лажици путер (омекнат)
- 1 шолја шеќер
- 3 јајца
- 2 шолји бело брашно (просеано)
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка цимет (за посебна арома)
- 4-5 шолји маст или масло за пржење
Подготовка:
- Матете ги заедно шеќерот и путерот додека не станат кремасти. Додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи постојано.
- Додадете го брашното, прашокот за печиво и циметот и лесно измешајте. Месете го тестото додека не стане мазно, а потоа од него формирајте помали топчиња (крофнички).
- Во големо тенџере загрејте ја маста (или маслото). Внимавајте да не биде премногу жешко за да не изгори тестото однадвор, а внатре да остане живо.
- Полека спуштајте ги топчињата од тесто, едно по едно. Пржете ги додека не добијат златно-кафеава боја. Вртете ги често за да се испржат рамномерно.
- Вадете ги на хартиена салфетка за да се исцеди вишокот мрснотија. Можете да ги полните со фил по желба или само да ги наросите со шеќер во прав.

