
Зоолошката градина во Сан Диего соопшти дека угинала Грама, џиновска желка од Галапагос, која имала околу 140 години и била нејзин најстар жител.
Грама е родена кон крајот на 19-тиот век, 15 години по завршувањето на Граѓанската војна во САД (во времето кога дедото на Доналд Трамп ја напуштил Баварија). Во Зоолошката градина во Сан Диего пристигнала од пацифичкиот архипелаг за време на Големата депресија, помеѓу 1928 и 1931 година.
Сведок на историјата: Дочекала 20 американски претседатели
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Во текот на својот долг живот, таа „испратила“ дури 20 американски претседатели. Поради длабока старост, состојбата на нејзините коски значително ослабела, па чуварите морале да донесат тешка одлука да се простат од неа. „Беше привилегија да се грижиме за такво исклучително животно“, соопштија од зоолошката, нарекувајќи ја „сакана икона“ која од црно-бели фотографии стигна до ѕвезда на социјалните мрежи.


