во

Мис на Турција 2024 на удар поради нејзиниот изглед: „Не е доволно убава“?

Новоизбраната Мис на Турција, Идил Билген, 24-годишна лекарка, наиде на критики од јавноста поради нејзиниот изглед. Некои фанови сметаат дека „не е доволно убава“ за да ја претставува земјата на престижниот избор за Мис на светот, кој ќе се одржи на почетокот на 2025 година. Поради фактот дека нејзиниот татко бил амбасадор во Киев, некои дури и шпекулираат дека „фатила врски“ за да победи.

Натпреварот за Мис Турција 2024, одржан на 11 септември во хотелот Лацони, Истанбул, имаше 20 финалистки од цела Турција. Меѓу судиите беа познати поранешни победнички како Берфу Јененлер, Селен Сојдер и Амине Ѓулше.

Која е Идил Билген?

Билген е висока 1,80 м и дипломирала медицина на Универзитетот Коч. Таа ја наследи титулата од Нурсена Сеј, која беше во Топ 40 на Мис на светот минатата година. Како лекарка, Идил е посветена на својата професија и активно работи на подигање на свеста за ракот на дојката.

По изборот, изјави: „Многу сум возбудена и среќна. Сонував да бидам победничка, но не бев сигурна дали ќе стигнам до таму. Ќе ја претставувам мојата земја со гордост.“

Идил импресионираше со својот говор, истакнувајќи: „Јас сум докторка, но и Турчинка. Сакам да бидам гласот на Турчинките на Мис на светот.“


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марија Шерифовиќ го покажа “свршеничкиот” прстен – дали е вистина?

АВИОН ИТНО СЛЕТА: Кога ја отвори ланч кутијата од стјуардесата, патничка за малку не се онесвести, останатите бегаа како попарени!