во

19 години без Тоше Проески: Маратонците ја продолжуваат традицијата од Нова Градишка до Крушево

Македонија и целиот Балкан денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој точно пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Традиционален маратон до вечното почивалиште на Гумење

Една од најубавите традиции за зачувување на споменот за нашата најголема музичка ѕвезда е маратонот кој започнува од Нова Градишка (Хрватска) и завршува во неговото родно Крушево. Оваа година, вкупно 14 учесници го трчаат 19-тиот по ред маратон во чест на Тоше.

Супер Попуст -25%

Маратонот го започнаа 13 маратонци од спомен обележјето во Нова Градишка, а уште еден им се придружува во Македонија. Нивната рута предвидува трчање од околу 200 километри низ Хрватска, транзит со возила низ Србија (согласно тамошните прописи), и финални 220 километри трчање од македонската граница до споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Богата музичка кариера и хуманитарно наследство

Тодор Проески е роден на 25 јануари 1981 година. Својот раскошен талент го најави уште како дете на фестивалот „Златно славејче“ во 1992 година, а професионалната кариера ја започна со победата на „Мелфест“ во 1997 година. Во текот на својата кратка, но блескава кариера, тој објави седум албуми, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2004 година и стана горд амбасадор на УНИЦЕФ.

Неговиот живот згасна токму кога одбележуваше десет години успешна кариера и се подготвуваше за меѓународен пробив. Неговиот последен албум на англиски јазик, „The Hardest Thing“, беше промовиран постхумно.

Последниот концерт на Тоше се одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври 2007 година. Концертот беше од хуманитарен карактер, наменет за подобрување на условите во образованието во Македонија – чин кој засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ве болат зглобовите и го избегнувате движењето? Ревматолог открива како да ги ублажите тегобите при артритис

Трагедија во Орегон: Три деца и наставничка убиени во напад на основно училиште