во

Левица алармира: Онколошките пациенти цела недела се враќаат без терапија, недостигаат таксол, анастрозол и гентамицин

Онколошките пациенти цела недела се враќаат без терапија со таксол (паклитаксел), анастрозол се најавува дури по 15 декември, а недостига и гентамицин, обвинува политичката партија Левица, барајќи итна интервентна набавка на лековите и утврдување одговорност!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Онколошките пациенти цела недела се враќаат без неопходната терапија со таксол (паклитаксел), лекот анастрозол се најавува дури по 15 декември, а во болниците недостига и гентамицин, обвинува Левица, барајќи итна интервентна набавка на лековите и утврдување одговорност за состојбата.

„Во здравствениот систем на ДПМНЕ, на пациентите не им е доволно што мораат да ја водат најтешката битка во својот живот, туку мораат да се борат и со државата за воопшто да добијат шанса да преживеат“, се наведува во партиското соопштение.

Критики кон министерот Клековски и доцнењето на вакцините против сезонски грип

Од Левица потсетуваат дека уште во јануари минатата година, тогашниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, проблемот со недостигот на лекови го лоцирал во несоодветното планирање на набавките, а годинава јавно гарантирал дека онколошките пациенти нема да останат без терапија.

„Речиси две години подоцна, Клековски е унапреден во министер, а пациентите се уназадени во лекувањето“, реагираат од партијата. Во соопштението се критикува и процесот на вакцинација против сезонски грип, при што Левица тврди дека граѓаните, особено надвор од Скопје, сè уште чекаат покани за вакцинација. Според партијата, меѓу оние кои чекаат се и постарите лица, хронично болните и трудниците, на кои министерот им советувал да имаат трпение.

Барање за список на дефицитарни лекови и формирање државна веледрогерија

Левица бара итно објавување на целокупниот список на лекови што недостигаат, прецизни податоци за бројот на пациенти на кои им е одложена терапијата, итна интервентна набавка, како и покренување постапка за утврдување одговорност за загрозувањето на нивното здравје.

Истовремено, од партијата повторно ја актуелизираат идејата за формирање државна веледрогерија со механизам за интервентен увоз, оценувајќи дека здравјето на граѓаните не смее да зависи од комерцијалните интереси на приватните веледрогерии и бирократските процедури.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почна Божиќниот пост: Предлог посен мени-план за 7 дена – од пастрмка и рибја чорба до грав на вода и компируша