во ,

Мицковски: Ќе ги разочарам оние кои не сакаат да успееме – Македонија петта во Европа по раст на БДП

Мицкоски се пофали: Македонија е петта во Европа по раст на БДП — бројките ги дава Еуростат, не Владата

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес-конференција на која ги претстави најновите економски показатели. Повикувајќи се на податоците на Еуростат, тврди дека Македонија е меѓу првите пет европски земји по раст на БДП. Веднаш додал дека е свесен за тешкиот секојдневен живот на граѓаните. „Ги разбирам проблемите, скапиот живот и секојдневните притисоци”, рекол премиерот — и потоа продолжил со бројките.

Седум квартали по ред во првата половина на Европа

Супер Попуст -25%

Според Мицкоски, ако се анализираат табелите на Еуростат, заклучокот е јасен — седмиот квартал по ред Македонија бележи раст на БДП кој ја сместува во првата половина на Европа. Во последното рангирање земјата се наоѓа на петто место, веднаш зад Малта, Полска и Србија. „Ова не го вели Владата, не Христијан, не партиите — туку Еуростат”, нагласил премиерот.

Индустриското производство скокнало за 7,6 отсто

Мицкоски се осврнал и на резултатите во индустриското производство. Во април оваа година порасло за 7,6 отсто во споредба со истиот месец лани. Во првите четири месеци од 2026 година производството е во позитива од 0,2 отсто. „Ќе морам да ги разочарам оние кои не сакаат оваа држава да успее”, рекол премиерот со очигледно задоволство.

16.000 нови работни места за 21 месец

Бројот на вработени исто така бележи раст. На крајот на март 2026 година стапката на вработени изнесувала 707.385 лица. Во јуни 2024 година, кога Владата беше избрана, бројот бил 691.736. Разликата е 16.000 новокреирани работни места. Мицкоски очекува во периодот што следи темпото да биде уште посилно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Го нападнаа, тој ги врати парите: Потегот на Слаткар кој го разоружа целиот интернет!

Мито од 111.600 денари и намештен тендер: Поранешниот директор на Царина Стефан Богоев оди во притвор!