во

Мицкоски од говорницата на ОН: Нашата географија не мора да биде судбина, таа може да стане наша предност

Во новите геополитички околности, светот повеќе не се раководи само од најевтиното производство, туку од довербата, енергетската сигурност во време на криза и контролата врз новите технологии. Ова е главната порака што премиерот Христијан Мицкоски ја испрати од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Технолошки промени и нови геополитички приоритети

Премиерот во своето обраќање истакна дека иднината на општествата ќе зависи од нивната способност навреме да ги разберат и ефикасно да управуваат со промените што ги носи технологијата. Тој посебно се осврна на забрзаниот развој на дигиталната сфера.

Супер Попуст -25%

„Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината. Таа е инфраструктура на сегашноста“, нагласи Мицкоски пред светските лидери.

Според него, глобалната парадигма се менува и светот повторно ја препознава суштинската вредност на отпорноста, сигурното снабдување со енергија, квалитетната инфраструктура, разновидните транспортни правци и, пред сè, доверливите синџири на снабдување.

Коридорите 8 и 10: Излез од геополитичката периферија

Во контекст на инфраструктурниот развој, премиерот го издвои интензивирањето на работите на Коридорите 8 и 10, потенцирајќи дека тие се суштински дел од пошироката европска визија за економско поврзување.

Главната цел на овие проекти е подобро да се поврзат Јадранското, Црното и Егејското Море со Централна Европа, со што ќе се обезбедат посигурни патишта за движење на стоките, енергијата и луѓето. Со ваквиот развој, регионот конечно треба да престане да биде третиран како геополитичка периферија.

„Нашата географија не мора да биде наша судбина. Таа може да стане наша предност“, порача претседателот на Владата.

За да се оствари оваа визија, заклучи Мицкоски, неопходно е да се изградат силни институции и модерна инфраструктура што географската положба на државата ќе ја претворат во вистинска регионална и европска крстосница.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дигитална револуција во ЈСП: Студентите во Скопје добиваат електронска картичка за јавен превоз

Филипче со поддршка за Радески: Конкретни проекти за решавање на проблемите во Брвеница