во ,

Момче од Тајланд е хит на социјалните мрежи со неговите нискобуџетни косплеј трансформации

Ануча Саенгчарт, познат како Lonelyman, стана популарен благодарение на неговиот нискобуџетен косплеј. Користејќи секојдневни предмети од неговиот дом, тој се трансформира во популарни ликови од филмови, аниме и видео игри, славни личности, па дури и предмети и животни. А, резултатот е пресмешен.

Ануча ги споделува неговите фотки на Инстаграм, каде што веќе има 1 милион следбеници, но и на Фејсбук каде што го следат дури 5 милиони корисници.

Супер Попуст -25%!

31-годишниот Ануча користи храна, боја за тело, а некогаш и неговите мачки. Неретко користи и практични визуелни ефекти, како огледала и фотографирање од одредена перспектива, па за него слободно може да се каже дека е креативен гениј.

Ануча живее во Тајланд, а ја направил Фејсбук страницата во 2013 година. Тој период работел како негувател во дом за стари лица, но кога сфатил дека станува доста популарен, си дал отказ и целосно се посветил на ова забавно хоби.

Наводно, првпат ја добил идејата за нискобуџетен косплеј кога здогледал куп крпи кои го инспирирале да се преправи во лик од популарното аниме Dragon Ball. Фејсбук корисниците веднаш се вљубиле во неговата креација, а ова го мотивирало да продолжи.

Нормално, неговите косплеј креации се далеку од совршени, но токму тоа ги прави посебни и смешни.

Погледнете дел од најдобрите фотки на Ануча:

Што мислиш?

27 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фотографијата од Доналд Трамп и Мел Гибсон стана хит на социјалните мрежи: Гестот на актерот ја разбесни јавноста

19 Најсмешни Фотошоп промашувања кои инстаграмџиите без срам ги објавиле