Златниот ретривер Такер не сака кога сопствениците му ја земаат неговата омилена играчка за да ја исперат и тоа секогаш им го дава до знаење.
Во видеото кое е објавено на ТикТок, кое скрши бројни срца, може да се види како Такер е прилично вознемирен и тажен откако го одвоиле од кадифеното еже.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Кон својата играчка е секогаш исклучително нежен, а поради тоа ја има веќе со години. Меѓутоа, играчката често се валкала бидејќи Такер постојано ја носи со себе каде и да оди. Поради тоа, сопствениците ја перат почесто, но нивниот миленик секогаш нервозно ги гледа додека го прават тоа.
Во видеото, сопственичката на Такер пробала нежно да му ја земе играчката од неговата уста, но тој одбивал да ја пушти и ја влечел наназад.
@greatlakesgoons how I wash Tucker’s baby #DogsOfTikTok #goldenretriever #laundrytips #fyp
Кога конечно ја пуштил, таа ја ставила во машина за перење алишта, а кучето тажно седело и гледало како кадифениот еж се вртел во машината заедно со останатите алишта.
„Мислам дека се чувствува изгубено без играчката“, рекла сопственичката.
Кога ежот конечно бил испран, Такер весело го зел и почнал да трча со него.
„Не можам да ја поднесам неговата тага додека чека да се испере“, „Изгледа многу тажно и очајно“, се дел од коментарите под снимката на ТикТок.


