
Услови за аплицирање и стручни квалификации
Според објавениот повик, кандидатите кои сакаат да станат дел од вселенскиот корпус мора да исполнуваат низа строги критериуми. Пред сè, задолжително е американското државјанство, како и завршени постдипломски студии во некоја од СТЕМ областите (наука, технологија, инженерство или математика). Алтернативно, се прифаќаат и најмалку две години докторски студии, диплома од медицински науки или завршена школа за тест-пилоти со соодветно додипломско СТЕМ образование, заедно со минимум три години работно искуство.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
За кандидатите кои аплицираат како пилоти важат и строги норми за часови летање – најмалку 750 часа со млазни авиони со високи перформанси и вкупно 1.500 часа со авиони со фиксни крила (или 1.000 часа со хеликоптери).
Обука, физичка издржливост и финансиска надомест
Избраните кандидати ги очекува двогодишна интензивна обука, по што НАСА ќе одлучи кои од нив официјално ќе станат дел од тимот. Покрај стручноста, од идните астронаути се бара врвна физичка подготвеност и исклучителна ментална издржливост поради можноста за долготрајна изолација во вселената од 12 месеци или повеќе. За сметка на овие предизвици, годишната плата изнесува 164.395 долари, односно околу 147.000 евра.
Пријавите се отворени до 3 декември, а интересот традиционално е огромен со оглед на тоа што на претходниот конкурс од 2024 година се пријавиле над 8.000 кандидати, од кои беа избрани само десетмина.
„Луѓето што ќе ги избереме би можеле да одат на Месечината, да живеат и да работат во лунарна база и да учествуваат во развојот на системи што еден ден ќе овозможат испраќање човечки екипаж на Марс.“ — Џаред Ајзакман, раководител на НАСА.


