во ,

Најголемиот грчки остров е познат по феноменалните плажи: Една од нив e вистински природен „велнес“

Плажата Аргилос во близина на Крит важи за најубавиот природен велнес.

Без сомнеж Крит е островот кој што за многумина е еден од најубавите. Изобилува со планини, бујна вегетација, живописни села и градби, а не е тајна дека токму тој е една од омилените дестинации на многу од туристите.

Плажите на Крит се посебно атрактивни. Иако се многу познати, има и такви за кои што луѓето ретко слушнале, а токму тие се интересни.

Меѓу нив посебно се издвојуваат оние кои што излегуваат на Либиското море.

Крајбрежјето на Ардилос, во близина на селото Геронтолако крие тајни на природен велнес.

Станува збор за импресивна плажа, прекриена со златен песок и школки. Туристите особено се воодушевени од кристалното чисто море и импозантниот карпест амбиент.

Во суштина, тоа е омилениот залив на туристите на тоа подрачје. Воедно е и место кое што никој не може да остави рамнодушен.

Уште една од специфичностите кои што оаа плажа ги крие е лековитата кал која што се наоѓа токму таму.

На посетителите плажата им нуди и можност не само да уживаат во пливањето, туку и во лековитите дејства.

Калта делува позитивно на кожата, ги отстранува мртвите клетки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Португалија отворен најдолгиот висечки мост, не сите се осмелуваат да зачекорат по него

Првиот ноќен клуб во Велика Британија повторно се отвори со забава за 6000 луѓе без маски и никакви мерки