во

Најмалку 19 лица повредени во судир на воз и автобус во северна Франција

Најмалку 19 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа кога товарен воз се судри со автобус во близина на Кокел, во северна Франција.

Брза интервенција на службите кај Евротунелот

Несреќата се случила во непосредна близина на влезот во товарниот тунел кој ги поврзува Франција и Велика Британија. На местото на настанот веднаш биле испратени бројни екипи на итните служби, полицијата, како и спасувачки хеликоптер.

Супер Попуст -25%

Локалните власти потврдија дека во судирот се повредени 19 лица, меѓу кои е и возачот на автобусот. За среќа, според првичните информации, ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба и сите навремено добиле соодветна медицинска помош.

Надлежните институции веќе започнаа истрага за да се утврдат точните причини кои довеле до овој сериозен инцидент на влезот од Евротунелот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Опасност во Црното Море: Дронови потопуваат трговски бродови во близина на Бугарија и Романија

Гувернерот Славески на настан на ММФ: Крај за моделот на евтина работна сила, потребна е висока продуктивност за влез во ЕУ