
Руската ПВО во полна готовност
Според информациите од руските власти, воздушната одбрана успеала да го неутрализира најголемиот дел од беспилотните летала. Дури 170 од нив биле соборени при самиот приод кон руската престолнина, спречувајќи посериозни штети во густо населените градски подрачја.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Руските медиуми го оценуваат овој бран на напади како еден од најмасовните и најинтензивните од почетокот на годината. Оваа ескалација доаѓа веднаш по претходниот голем напад кој беше регистриран само една ноќ претходно (меѓу 28 и 29 октомври), кога кон Москва беа испратени околу 613 дрона.
Кремљ: Нападот е невообичаен поради тајмингот
Она што особено го привлече вниманието на рускиот државен врв е тајмингот на овој масивен воздушен удар. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавно го оцени нападот како невообичаен, поврзувајќи го со важен меѓународен настан кој се одржува во Русија.
„Овој масовен напад е невообичаен, особено имајќи предвид дека се случува токму за време на одржувањето на Самитот Русија-Африка“, истакна Песков, алудирајќи на можен обид за политичка и дипломатска дестабилизација за време на настанот.


