
Крај за цигарите во кафулиња и тераси: Се спрема најригорозниот закон против пушењето
Македонија подготвува драстични законски измени кои целосно ќе го исфрлат тутунот од јавниот живот. Според нацрт-верзијата, пушењето ќе биде целосно забрането во сите угостителски објекти, вклучувајќи ги и терасите доколку не се отворени од најмалку три страни. Законот влегува и во приватната сфера – се воведува забрана за пушење во автомобил ако се превезуваат малолетници, како и на автобуски и железнички станици.
Удар за електронските цигари: Се забрануваат вкусовите, а кутиите ќе се кријат
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Новите правила ги изедначуваат електронските цигари и „вејп“ уредите со обичниот тутун. Особено ригорозна е целосната забрана за додадени вкусови и ароми. Исто така, по примерот на Западот, цигарите веќе нема да смеат да се гледаат на рафтовите во продавниците. Министерство за здравство реагира поради алармантната статистика од 4.000 смртни случаи годишно и фактот што над 45% од нацијата се пушачи.


