во ,

Најубавите божиќни базари во Европа: Веселата Будимпешта

Серијалот за најубавите божиќни базари во Европа го продолжуваме со оној во Будимпешта. После магичната Виена, ќе ви ги презентираме убавините на главниот град на Унгарија во ова време од годината.

Божиќните базари во Будимпешта годинава ќе траат од 8. ноември до 1.јануари. Има два поголеми кои не може да не ги посетите.

Првиот е на плоштадот Воросмарти, кој воедно се смета и за најубавиот во градот и божиќниот базар пред Базиликата (Плоштад Св. Иштван). Љубителите на храната, ќе бидат воодушевени од унгарските традиционални слатки колачи, а посебно таканаречениот чаден колач. Секако посетата на овој божиќен базар не може да помине без вкусните колбаси, гулаш, печени костени, варено вино…

Туристичките агенции велат дека божиќниот базар во Будимпешта е еден од трите омилени на патувачите.

На тезгите ќе најдете фантастични мали подароци, интернационални специјалитети, како и прекрасни рачни изработки. За децата има лизгалиште, а централниот дел на плоштадот го краси огромна елка.

Низ уличките можете да уживате и во различни музички изведби.

На стотина метри од главниот плоштад се наоѓа плоштадот „Св. Иштван“, а божиќниот базар на ова место почнал да се одржува дури од 2011 година. Иако релативно нов, успеа да ги освои симпатиите на посетителите со единствена атмосфера, бидејќи секогаш има совршено осветлување кое ги маѓепсува посетителите.

На Базиликата е поставен и видео бим, на кој се даваат и проекции, кои се одржуваат по заоѓањето на сонцето.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата од изминатите, но и од оваа година. Уживајте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

26 искрени илустрации на Џон Холкрофт кои покажуваат што е погрешно во денешното општество

20+ луѓе кои избрале интересни тетоважи за врат: Некои ќе ви се допаднат, а други ќе ве вознемират