
Студиите покажуваат дека mRNA вакцините против ковид-19 можат да ја зајакнат ефикасноста на имунотерапијата кај пациентите со рак на белите дробови, кои имаат двојно поголеми шанси да живеат подолго од невакцинираните.
Најшироко користените mRNA вакцини против ковид-19 можат да понудат изненадувачка корист за некои онколошки пациенти, односно можат да го зајакнат нивниот имунолошки систем и да помогнат во борбата против туморите. Луѓето со напреднат рак на белите дробови или рак на кожата, кои земале одредена имунотерапија, живееле значително подолго ако исто така примиле вакцина од Pfizer или Moderna во рок од 100 дена од почетокот на лекувањето, покажало прелиминарното истражување објавено во списанието „Nature“.
Вакцината „делува како сирена што ги активира имуните ќелии во целото тело“
И тоа немало никаква врска со вирусни инфекции. Наместо тоа, изгледа дека молекулот што го поттикнуваат тие специфични mRNA вакцини, му помага на имунолошкиот систем подобро да реагира на најсовременото лекување на ракот, заклучиле истражувачите од MD Anderson Cancer Center во Хјустон и Универзитетот на Флорида.
„Вакцината делува како сирена што ги активира имуните ќелии во целото тело. Ние ги сензибилизираме туморите отпорни на имунитет за имунолошка терапија“, објаснил водечкиот истражувач, д-р Адам Грипин.
Повеќе од само случајност – персонализирана mRNA вакцина
Здравиот имунолошки систем често ги убива клетките на ракот пред тие да станат закана. Но, некои тумори еволуираат за да се сокријат од имунолошкиот напад. Имунотерапијата (инхибиторите на контролните точки) ја отстрануваат таа „наметка“. Меѓутоа, кај некои луѓе, имуните ќелии сè уште не го препознаваат туморот.
mRNA технологијата, која доби Нобелова награда во 2023 година, одамна се истражува како основа за персонализирани „вакцини за лекување“ кои ги обучуваат имуните ќелии да ги забележат уникатните карактеристики на туморот кај секој пациент.
Двојно поголеми шанси за преживување
Тимот анализирал податоци од речиси 1.000 пациенти со напреднат карцином. Резултатите биле неверојатни: Вакцинираните пациенти со карцином на бели дробови имале скоро двојно поголема веројатност да бидат живи три години по почетокот на лекувањето на ракот, отколку невакцинираните пациенти. Кај пациентите со меланом, стапката на преживување исто така била значително подолга.
Интересно е што вакцините кои не се базирани на mRNA технологија, како оние против грип, не правеле никаква разлика. Прелиминарните податоци покажуваат дека mRNA вакцините можат да ги „освестат“ туморите и да ги направат поподложни на имунотерапија, што е особено корисно кај имунолошки „ладните“ тумори кои инаку не реагираат добро на стандардните третмани.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







