
Времето денеска ќ.е биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, ќе дува и јужен ветер, а утре (понеделник) следува влошување со пороен дожд, грмежи и над 30 литри дожд на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени.
Повеќе од само дожд – Утре невреме
Според прогнозите на УХМР, и во понеделник ќе се задржи претежно облачно време, но врнежите наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со услови за појава на грмежи.
Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието и повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, но со пониски утрински температури.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







