
Симболични „нарачки“ и политички пораки
Во видеото, членовите на семејството не нарачуваат стандардна храна и пијалаци, туку бараат исполнување на конкретни политички и економски ветувања. Меѓу барањата се наоѓаат изградба на автопати, повисоки плати и пензии, нови породилишта, бесплатно образование, како и зачувување на Косово и одржување на политиката на воена неутралност и невоведување санкции кон Русија.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Во интересните дијалози меѓу семејството и келнерот се издвојуваат неколку симболични моменти:
- Политички алтернативи: На барањето за членство во ЕУ и НАТО, Вучиќ како келнер одговара: „НАТО го немаме, но имаме мир и стабилност“, по што предлогот е прифатен.
- Десерт за крај: На прашањето што сакаат за десерт, таткото нарачува „стабилен курс на динарот“, на што следи кусиот одговор: „Договорено“.
- Хумористичен момент: Еден од помладите членови низ шега бара „Вучиќ да си замине“, но таткото брзо ја пренасочува нарачката кон бесплатно образование.
Политички контекст пред изборите
Видеото доаѓа во чувствителен политички момент во Србија, непосредно по оставката на Вучиќ од претседателската функција и закажувањето на вонредните парламентарни избори за 25 октомври, со цел негово директно вклучување во премиерската трка.


