во , , ,

Никола Тесла, природна убавина, средби со смртта, какво значење имаат Нијагарините Водопади откриени на денешен ден

Секој слушнал за Нијагарините Водопади, некои од нас можеби ја имале и таа среќа да ги посетат. Но, приказната за оваа чудо од природата не е толку едноставна како што се очекува. Тие играле голема улога во животите на луѓето во САД и Канада. Приказната за водопадите почнала многу пред нашето време.


Почетокот на величествените водопади

Водопадите се формирани пред повеќе од 12.000 години на крајот на леденото доба, кога од стопениот мраз се ослободиле големи поројни води, исцедувајќи се во реката Нијагара. Од година во година, формацијата на водопадите продолжува да се менува со годишно замрзнување и топење на реката Нијагара, заедно со постепена ерозија и периодични паѓања на карпи. За зачувување на водопадите обемот на вода е намален со пренасочување за хидроелектричната енергија.

Сега, Нијагарините водопади се наоѓаат на границата на Соединетите држави и Канада и се едни од најпрепознатливите обележја во светот. Тие се состојат од три различни водопади: Потковични водопади (познати исто како и Канадски водопади), Американски водопади и помалите Водопади на невестинскиот превез. Низ нив просечно течат околу 110.000 м3 вода секоја минута па сè до максимум од 165.000 м3 во минута.

Водопадите најверојатно веќе добро им биле познати на Индијанците, односно првите жители на Америка. „Новиот свет“ се запознал со водопадите благодарение на истражувач од Франција.

Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги открил величенствените Нијагарини Водопади и ги опишал како една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го поминал целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција.

Чекорот на Никола Тесла, кој природната убавина ја претворил во ефикасна

Регионот наскоро станал француска тврдина, бидејќи тврдини биле изградени во устието на реката Нијагара, контролирајќи го пристапот до Големите езера. Тврдината е обновена помеѓу 1926 и 1934 година и сега е денешна, Олд Форт Нијагара – тврдина од 18 век, која нуди дневна програма и презентации во текот на целата година.

Не само што водопадите се моќни, туку и градот Нијагара бил родно место на хидроелектричната енергија! Во 1896 година, Никола Тесла развил систем на наизменична струја, што овозможил пренос на електрична енергија произведена долж реката Нијагара до домови и деловни простории.

Користејќи го своето знаење за наизменична струја, тој беше во можност да ја пренасочи моќта до дури 20 милји до Бафало, Њујорк.

Центарот за откривање на клисурата Нијагара се наоѓа над местото на електраната Шоелкопф, од каде што првин се продавала електрична енергија како стока. Денес, електраните и од американската и од канадската страна на Водопадите произведуваат скоро 2,5 милиони киловати електрична енергија.

Темната страна на Нијагарините Водопади

За жал овие прекрасни водопади се и место каде што многу луѓе го изгубиле својот живот, случајно или намерно. Се проценува дека на годишно ниво околу 40 лица ги губат своите животи на водопадите. Во 1969 година кога за прв пат во историјата водопадите биле „пресушени“, за нивно добро со цел да се исчисти дното, биле пронајдени две тела.

Едното тело му припаѓало на маж кој завршил во водопадот најверојатно претходниот ден, додека другото било на млада жена чие што тело било во распаѓање. Жената на раката имала свршенички прстен на кој биле изгравирани зборовите: „Не ме заборавај“.

За жал идентитетите на овие починати лица никогаш не биле откриени. Од 1829 година, голем број на „екстремни авантуристи“ се обидуваат да го преживеат падот од водопадите, а само мал број успеале во тоа. Меѓу најпознатите од овие авантуристи е 63-годишната учителка Ени Едсон Тејлор, која во 1901 година го преживеа падот влезена во дрвено буре. И кога изглегла релативно неповредена од бурето извикала: „Никој никогаш повеќе не треба да го прави тоа“. Секако не ја послушале.

Скоро 30 милиони туристи ги посетуваат водопадите на годишно ниво и без сомнеж тие играат голема улога во животите на локалното население. Тие се доказ дека „Мајка Природа“ и во најсуровото светло може да изгледа прекрасно.

Навалица Ви препорачува

KICK IT Чорапи

1,050 ден.

Што мислиш?

19 Points
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Славни личности ги споделуваат причините зошто ѝ кажале „НЕ“ на пластичната хирургија, дури иако еднаш потклекнале

Оче дојдов да ми кажеш дали жена ми’ ми е верна…