во

Белгија утре пред целосен прекин на авионскиот сообраќај: Откажани сите летови поради националниот протест

Сите летови на белгиските аеродроми ќе бидат откажани во понеделник поради националниот протест против политиките на федералната влада. Покрај целосниот прекин на авионскиот сообраќај од 7 до 21 часот, се очекуваат и сериозни нарушувања во јавниот превоз и комуналните служби.

Целосен застој во воздушниот сообраќај и намален јавен превоз

Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека поради учеството на дел од контролорите во протестот, нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, па сите комерцијални летови се запираат од 7 до 21 часот. Оттаму нагласуваат дека ќе бидат обезбедени само минималните услуги за итни случаи и летови од клучно безбедносно значење, а на патниците им се препорачува да контактираат со своите авиокомпании за пренасочување.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Значителни проблеми се најавени и во јавниот превоз, каде што превозникот „Де Лијн“ очекува да сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите. Најголеми нарушувања ќе има во Антверпен и Фламански Брабант (54 отсто активни возила, а во самиот Антверпен само 40 отсто од трамваите), додека во Брисел се очекуваат доцнења и измени на линиите поради штрајкот и протестниот марш.

Протест против мерките за штедење на владата

Организатори на 11-тата национална протестна акција откако владата на премиерот Барт Де Вевер ја презеде должноста се трите најголеми белгиски синдикати – ACV, ABVV и Synova, кои се противат на владините мерки за штедење. Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај Северната железничка станица во Брисел, а маршот кон Јужната станица почнува во 11 часот.

Поради штрајкот се можни прекини во собирањето на отпадот во дел од бриселските општини, како и во работата на градинките и општинските служби. За разлика од авионскиот и градскиот превоз, железничкиот оператор SNCB засега не најавил поголеми нарушувања, а не се очекуваат ниту позначајни последици врз работата на училиштата.

Од белгиската контрола на летање „Скајс“ наведуваат дека авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот, но дека безбедноста останува апсолутен приоритет и ќе бидат обезбедени минималните услуги за итни случаи и летови од клучно безбедносно значење.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хакери упаднаа во чувствителна база на ФБИ – Трамп: „Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измама“

Запален руски брод отплови во фински води, подигнати борбени авиони на НАТО: „Војната се прелева во нашето соседство“