
Трагичните последици од пожарот во Кочани продолжуваат. За жал, регистрирана е нова, 62-ра жртва од оваа несреќа. Станува збор за пациент кој беше на лекување во Белград.
И покрај напорите на лекарите, пациентот ја загубил битката за живот. Информацијата за ТВ21 предмалку ја потврди министерот за здравство. Д-р Арбен Таравари ја соопшти тажната вест.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Со ова, бројот на починати како последица на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се искачи на 62 лица. Ова е уште еден тежок момент за семејствата и за целата јавност.


