
Засилен политички дијалог и стратешки врски
Министерот Муцунски истакна дека во изминатиот период е забележано значајно засилување на билатералниот ангажман со Соединетите Американски Држави. Ова се рефлектира низ високиот интензитет и содржината на средбите со високи претставници на американската администрација, Конгресот, како и водечки финансиски организации од јавниот и приватниот сектор.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Посебно беше нагласена соработката со американскиот државен секретар Марко Рубио, со кој, според Муцунски, е воспоставена цврста комуникација и доверба насочена кон остварување на заеднички приоритети. „Стратешкиот однос со САД е еден од постулатите на нашата надворешна политика“, порача министерот.
Зголемена трговска размена и поддршка за извозниците
Во фокусот на разговорите беше и економската димензија на партнерството. Муцунски потсети дека земјата беше меѓу првите во Европа што потпиша заедничка изјава со САД во делот на трговијата.
Тоа создаде услови не само за сериозен скок на трговската размена и зголемен извоз кон американскиот пазар, туку и за зачувување на работните места и зголемување на капацитетите на извозно ориентираните домашни компании.
Најавените нови инвестиции се очекува директно да се насочат кон клучните стратешки сектори, придонесувајќи за развојот на македонската економија.


