
Еден час подолг ден во недела
Зимското сметање на времето официјално започнува ноќта помеѓу 24 и 25 октомври во 3 часот наутро, кога стрелките ќе се поместат еден час наназад, односно на 2 часот. Со оваа промена, неделниот ден ќе трае вкупно 25 часа.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Денот ќе изгледа пократок
Иако добиваме еден час плус за одмор, промената веднаш ќе се почувствува во текот на попладневните и вечерните часови. Денот визуелно ќе ни изгледа многу пократок бидејќи ќе почне да се стемнува порано.
„Додека на 24 октомври сонцето зајде околу 17:38 часот, веќе во недела (25 октомври), со новото сметање на времето, мракот ќе падне еден час порано. Сонцето ќе зајде околу 16:37 часот, што значи дека стемнувањето ќе започне нешто по 16:30 часот“, потсетуваат експертите.


