
Критики за златниот луксуз и државните политики
Особено внимание на собирот привлече шегата на Обама на сметка на преуредувањето на Белата куќа за време на вториот мандат на Трамп. Поранешниот претседател го исмеа новиот изглед во кој доминираат златни украси и позлатени детали. Покрај естетиката, Обама упати сериозни критики за економската и надворешната политика, особено за односите со Иран и влијанието на царинските мерки врз зголемувањето на трошоците за живот.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Тој не го поштеди ниту министерот за одбрана Пит Хегсет, обвинувајќи ги функционерите во администрацијата на Трамп за несериозен однос кон државните обврски, чии последици ги трпат обичните граѓани.
Обама во завршницата на кампањата
Настапот во Кливленд заедно со демократските кандидати Шерод Браун и Ејми Актон е само дел од пошироката турнеја на Обама низ сојузните држави кои се клучни за контролата врз Сенатот. Во следниот период тој ќе ги поддржи кандидатите на демократите и во Мичиген и Џорџија.
„Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил ресторан „Чизкејк фектори“. Злато има насекаде. За десет дена имате можност, по две години хаос, суровост, корупција и неспособност, да кажете: доста е!“, им порача Обама на присутните поддржувачи во Охајо.


