
„Ќе се пуши само по дома“: Објавен најригорозниот закон за забрана на пушењето
На електронскиот регистар ЕНЕР осамна новиот предлог-закон кој носи драстични промени. Освен целосната забрана во затворени простории, законот забранува пушење дури и во приватни возила доколку во нив се превезува дете, како и на отворени простори како пазари, автобуски станици и пред влезовите на болници и училишта. Казните за граѓаните ќе се движат од 150 до 300 евра.
Цензура за цигарите: Забрана во филмови, театар и кај инфлуенсери
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Законот оди чекор понатаму и забранува прикажување на тутунски производи во филмови, серии, театарски претстави, видео игри, па дури и во содржини на инфлуенсери и поткастери. Тутунската индустрија го губи правото на какви било спонзорства на јавни настани, а забрането е и нивно рекламирање. Контролата ќе ја вршат повеќе инспекторати, вклучувајќи ги и МВР и АВМУ.


