
СЕ РАЃА „ИСЛАМСКО НАТО“: Турција, Саудиска Арабија и Пакистан создаваат моќен безбедносен блок!
Светот во 2026 година добива нова воена суперсила. Турција, Саудиска Арабија и Пакистан се во напредна фаза на преговори за формирање на заедничка безбедносна алијанса. Овој блок, кој би вклучувал клаузула за колективна одбрана (слична на Член 5 од НАТО), сериозно ќе ја промени рамнотежата на моќта на Блискиот Исток и пошироко.
Спој на нуклеарно оружје, пари и воена индустрија
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Аналитичарите велат дека овој „триаголник на моќта“ е речиси непобедлив поради ресурсите што секоја земја ги носи во сојузот:
- Пакистан: Нуклеарна сила со балистички ракети и еден од најголемите воени состави во светот.
- Турција: Една од најсилните членки на НАТО со супериорна воена индустрија (дронови, беспилотни летала) и богато воено искуство.
- Саудиска Арабија: Неисцрпни финансиски средства и стратешко влијание врз енергетските пазари.
Страв од „Трамп ефектот“ и напуштање на сојузите
Еден од главните мотиви за овој сојуз е неизвесноста околу надворешната политика на САД под администрацијата на Доналд Трамп. Анкара и Ријад сакаат да ја осигураат својата безбедност независно од Вашингтон, особено во време кога Трамп ја преиспитува улогата на САД во традиционалните сојузи.
Крај на долгогодишните тензии
Овој пакт го означува и дефинитивниот крај на непријателствата меѓу Анкара и Ријад. По години тензии, двете земји неделава го одржаа првиот заеднички поморски состанок, што е јасен сигнал за новата ера во нивните односи. Со военото искуство на Турција и пакистанските ракети, овој блок би станал клучен играч од Африка до Јужна Азија.


