Кога станува збор за планирање на одморот, особено со ограничен буџет, нема ништо поубаво од туристичките атракции кои може да ги посетите бесплатно.
Според направеното истражување, белгискиот град Бриж е местото со најдобри бесплатни туристички атракции на светот. 94,5 отсто од рецензиите за Музејот на мини харфите, којшто го води харфистот Лук Фанлаере, има пет ѕвездички. Овој музеј е местото за интимни концерти, составен да ја анимира публиката со својата убавина и звук на харфите.
На второто место се наоѓа Националниот музеј на американското воено воздухопловство. Ова место вклучува мноштво изложби кои покриваат различни ери од историјата на американското воено воздухопловство, од раните години до галерии на проектили, а 92,85 отсто од неговите рецензии на „TripAdvisor“ имаат пет ѕвездички.
Третиот на листата е водопадот Horseshoе, најголемиот од трите водопади кои ги составуваат Нијагарините водопади во Канада. Со 92,7 отсто рецензии на ова култно природно место со пет ѕвездички, тој не заостанува.
Листата од 10 најдобри бесплатни туристички атракции според истражувањето изгледа вака: