во ,

Од згодниот актер остана само „сенка“: Вака денес изгледа човекот кој исчезна во деновите на својата најголема слава

Брендан Фрејзер ќе глуми во драмата „The Whale“. Ќе го гледаме во улога во каква што досега сме немале можност да го видиме, а некои веќе му предвидуваат номинација за Оскар.

Холивудскиот актер Брендан своевремено беше главна ѕвезда на најголемите авантуристички филмови, но 20 години подоцна поранешниот секс-симбол е далеку од ласкавата титула.

Откако стана миленик на жените ширум светот, денеска 52-годишниот Брендaн, нагло одлучил да се повлече од јавноста и да живее далеку од светлата на рефлекторите. Барем така било до неодамна, кога после толку многу години сепак одлучил да ги открие причините за тоа.

Реклама

Имено, тој тврди дека во 2003-та година сексуално го напаѓал тогашниот претседател на Холивуд Филип Берк.

„Со левата рака ме фати за половината, а со еден од прстите ме допираше во подрачјето на половиот орган. И почна да ја мрда раката. Ми беше лошо. Се чувствував како мало дете, како да имам кнедла во грлото. Мислев дека во секој момент ќе почнам да плачам“, изјавил актерот за магазинот „GQ“. Потоа додал дека тоа била главната причина поради која одлучил да се повлече.

Но, голема новост е тоа што Брендан сега се враќа на филмското платно и тоа во „The Whale“, а многумина веќе му предвидуваат номинација за Оскар.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Животни мудрости на Џек Николсон: „Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе – мртви сте“

Низ забавни илустрации: „Секојдневието со мојата сопруга… и нашето дете“