во ,

Од каде ти е пингвинов?


Се среќаваат на улица двајца пријатели. Едниот од нив води со себе пингвин.

– Од каде ти е пингвинов ? – прашува пријателот без пингвин.

– Го најдов на улица , и го зедов со себе ! – одговара пријателот со пингвинот.

– Па што не го однесеш во Зоолошка Градина ?


– Еј, супер идеја ! Ќе го одведам во Зоолошка Градина !

По неколку дена, пак се среќаваат двајцата пријатели. Едниот од нив пак го води пингвинот со себе.

– А бе, зошто не го однесе пингвинов во Зоолошка Градина ? – прашува пријателот без пингвин.

– Не бе, – одговара пријателот со пингвинот – го однесов во Зоолошка Градина, и супер си поминавме ! Вечер го водам на кино !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Добро, слушнете ја мојата приказна… Се сомневав дека жена ми ме изневерува и се вратив 2 часа порано од работа….

10-те Најстрашни филмови на нашето време, според експертите